Ракометниот прволигаш Бутел Скопје се засили со уште еден ракометар. По десниот бек Душан Трифковиќ, нов ракометар на скопската екипа е српскиот интернационалец Владимир Јевтиќ. Тој е пивот и има 26 години, а стави потпис на договор до крајот на сезоната. Инаку доаѓа од романски Решица, а претходно играше и за Металопластика Шабац, Железничар од Ниш, Пролетер…

Мојот клуб во Романија беше практично пред распад, а во меѓувреме добив понуда од Бутел Скопје. Овој клуб го следам од неодамна и ми се допаѓа како се развива, па решив да ја прифатам понудата, иако имав и други опции. Слушнав само убави зборови, а покрај тоа ми се допаднаа и амбициите на клубот, кои се исти со моите. Среќен сум што ќе имам можност да играм плеј-оф  во Македонија, кој според мене ќе биде најсилен во цела екс Југославија. Ветувам дека ќе дадам се од себе и се надевам само на најубави работи“, изјави Јевтиќ за клупскиот сајт.