Прв противник на Македонија (четврток) на Светското првенство во Египет е селекцијата на Шведска. Оваа земја на Мундијалот доаѓа со променет состав, па ќе биде одлична шанса за Данило Брестовац и неговите момци со триумф да тргнат во групната фаза.

Швеѓаните се без Никлас Егберг, кој се повлече од националниот тим. Ќе ги нема Јаспер Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон и Лукас Нилсон, поради Ковид-19 и ризикот кој го носи патувањето во земјата домаќин. На списокот на ракометари кои нема да ги видиме е голманот Микаел Апелгрин, има повреда на рамото. Антон Линдског излезе од списокот поради позитивен тест на коронавирус, тој и по завршување на изолацијата тешко дека ќе може да и помогне на својата репрезентација.

Македонија денеска патува за Египет, покрај Шведска ќе игра против Египет и Чиле.