Летоскиот клуб РФС го доби потписот на поранешниот вардарец и македонски репрезентативец Дарко Мицевски. Тоа значи ништо од трансферот во Борац од Бања Лука за кој се чинеше дека е сигурен. Капитенот и еден од најдобрите играчи во ПМФЛ ставил потпис на договор на две години со клубот од Рига.

Тој ќе му се придружи во овој клуб на уште еден македонски фудбалер кој пред еден месец замина во Рига, а тоа е Јован Попзлатанов кој исто така играше за Вардар.

РФС е клуб кој во најсилната летоска лига заигра во 2016 година кога најтрофејниот Сконто не доби лиценца за настап. Се работи за клуб кој во изминатите две сезони завршуваше на втората позиција на табелата, а во 2019 година го освои Купот.