И дефинитивно легендата на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро во јуни ќе ги напушти “граѓаните“ и тоа како слободен играч. Него му истекува договорот на крајот од оваа сезона, но Пеп Гвардиола нема намера да го продолжи, па така Аргентинецот може уште сега да преговара околу новиот трансфер. Како што објавивме пред два дена, за неговите услуги силно е заинтересиран неговиот сонародник Маурицио Покетино, кој не крие дека силно го посакува во својот тим, во ПСЖ. Сепак од вчера, медиумите во Шпанија и Англија, пишуваат дека и Барселона е во “игра“ за искусниот напаѓач. Добра работа за Барса е тоа што за него не мора да се плаќа отштета, а познато е дека Агуеро е добар пријател со Меси, па така ете можност каталонскиот гигант да го доведе Серхио Кун Агуеро на “Камп Ноу“.