Досегашниот фудбалер на екипата на Осогово, Силвио Ангеловски, од денеска е ново засилување за екипата на Тетекс.

Ангеловски кој е дел и од аматерската репрезентација на Македонија ќе се обиде да им помогне на „штофарите“ во продолжението од сезоната во Втората лига – Запад да ги избегнат долните места на табелата и да се придвижат кон „златната средина“.