Прво Шкендија, а во последните два дена и Кукс е во “игра“ за потписот на десниот офанзивен бек на Силекс, Ангелче Тимовски, кој воедно е и капитен на кратовскиот прволигаш. Медиумите наголемо пишуваат, и нашите и тие во Албанија, дека Тимовски ќе си оди од Кратово.

Сепак, како што за СПОРТМЕДИА велат од Кратово, Силекс нема намера така лесно да се откаже од услугите на својот капитен.

Тимовски е еден од нашите клучни играчи, знаеме дека има интерес за него, но тој е под договор со Силекс и тоа до јуни. Значи ако било кој клуб го посакува официјално Тимовски, тогаш ќе мора да достави понуда до нас, или пак да има преговори околу неговата отштета. Дури потоа ние ќе одлучиме дали Тимовски во овој зимски преоден рок ќе си замине од Кратово или ќе седи до јуни, кога му истекува договорот“ велат од раководството на Силекс.