По серија од три порази екипата на АЕК Ларнака извади само реми на гостувањето кај АПОЕЛ во кипарскиот фудбалски шампионат, играјќи нерешено 1:1. Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, по неколку пропуштени мечеви се врати во составот на гостите и веднаш постигна гол.

Тричковскис редбата ја почна од клупата, но доби шанса на самиот почеток на второто полувреме. Тој по едноодлично уфрлување во 59. минута со глава ја затресе мрежата на домашните, кои потоа во контра успеаја брзо да израмнат.

За Иве ова е шестиот гол сезонава во дресот на АЕК Ларнака во првенството.