Македонската одбојкарска репрезентација, денеска од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ влегува во битка со Турција за првото место во квалификациската група на патот кон европското првенство. Откако и ние и Турците славеа во првите два меча со БиХ, сега меѓусебно ќе решаваме за тоа кој како прв ќе влезе во вториот дел од квалификациите кои продолжуваат веќе утре.

„Турција е силен тим, има голем потенцијал, но мислам дека не е непобедлива. Ако ние одиграме многу подобро отколку против Босна и Херцеговина, тогаш може да сметаме дека ќе му парираме на фаворитот. Посакувам да почнеме добро, тогаш ќе имаме стабилност и ќе носиме правилни одлуки на теренот“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев, кој беше дел од репрезентацијата и во триумфалното издание против Турција во истата арена на 18. јули 2016, како и шест дена претходно во Варна. Два меча завршија со идентичен резултат 3:1 за нас.

„Ние почнавме добро против Босна и Херцеговина. Треба да направиме само една корекција, а тоа е сервисот. Вчера многу грешевме, а доколку го подобриме тој елемент, мислам дека ќе ја забележиме втората победа на турнирот“, вели првата ѕвезда во турскиот тим, Адис Лагумџија.

Судии на мечот ќе бидат Петровиќ од Србија и Иванов од Бугарија.