Со натпреварот меѓу Египет и Чиле (18 ч.) во рамките на групата „Г“ во која се наоѓа и нашата репрезентација, денеска стартува 27. Светско првенство во ракомет во машка конкуренција. Македонија иако не избори пласман на шампионатот, поради откажувањето на селекцијата на Чешка денеска патува за Каиро, каде веќе утре ќе го почне настапот во групата „Г“ каде се наоѓа и селекцијата на Шведска.

Ние првиот меч го играме против Шведска во Арената „Стадион Каиро“, а дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот по македонско време. Покрај селекцијата на Чешка која поради случаите на заразени со Ковид-19 беше приморана да го откаже настапот на Мундијалот, во Египет нема да слета ниту составот на САД. На нивно место треба да настапат репрезентативците на Швајцарија.

Бранители на трофејот од пред две години се Данците, а според аналитичарите, прв фаворит за светското злато сега е Норвешка.