Дефанзивецот Филип Трајановски повеќе не е дел од тимот на Борец. Му заврши договорот зимава тој си замина од Велес и на пролет ќе си ја побара среќата на некое друго место.
Екс Македонскиот младински репрезентативец ја започна својата кариера во Шведска, од каде што Македонската јавност и го препозна како репрезентативен калибар, па беше доведен најпрво да настапува за нашиот национален тим, а потоа и да биде дел најпрво од Академија Пандев, а потоа и од Борец.

Сега тој има слободни документи и ќе видиме каде ќе продолжи. Има понуди од домашниот Македонски шампионат, но и од Шведска каде што настапуваше во минатото за Хакен, Гаис и екипата на Одеволд.