Ерлинг Халанд, норвешкото чудо од дете е трансферна желба на речиси сите големи клубови во Европа, пред се на Реал Мадрид. Дека на напаѓачот на Борусија Дортмунд му годи таквиот интерес, а посебно од “кралевите“ тој самиот тоа не го крие. Па, како што денеска пишува шпанскиот “АС“, Халанд ставил “лајк“ на фотографијата на Реал Мадрид која стана сензација во последните денови. Имено на нејзе е стадионот “Сантијаго Бернабе“ покриен со снег. Ова се смета како “намигнување“ од страна на Халанд или флертување со Реал Мадрид.

Се разбира дека и Халанд посакува, како и сите фудбалери во светот еден ден да заигра на преполниот “Сантијаго Бернабе“ во белиот дрес на Реал Мадрид.

Инаку “кралевите“ во блиска иднина сакаат во тимот да ги доведат токму Халанд,Мбапе и Камавинга.