Тимот на Шкупи предмалку и официјално го промовираше Матеј Цветановски за нов фудбалер. Чаирчани преку видео клип на најдобрите потези на досегашниот играч на Вардар и го презентираа на јавноста своето најголемо засилување зимава, со што тимот и онака силен, стана уште посилен.

Цветановски доаѓа како уште едно од многуте нови имиња кои се изредија во Чаир во последно време. Странци, репрезентативци но и наши интернационалци кои се враќаат од странство се тема во Шкупи, што е уште еден показател за амбициите на овој клуб, желбата што повеќе да се засили. Од Шкупи велат борбата за титулата ни од далеку не е готова, туку ќе се „брка“ Шкендија со сите сили напролет.

Во тоа Матеј Цветановски кој ја одигра полусезоната на својата кариера и тоа како ќе помогне на пролет.