Виктор Ангелов ќе ја продолжи својата интернационална кариера во тимот на Волунтари од Романија.
Напаѓачот заврши со тимот на Широки Бријег каде што настапуваше досега и имаше слободни документи да се пресели во друга средина.
Го одбра тимот на Волунтари кој очигледно е доста амбициозен за следната полусезона па се засилува колку што е можно повеќе.
Ангелов е наш поранешен младински репрезентативец и беше дел од онаа златна генерација на У21 селекцијата која настапи на европскиот шампионат во Полска.