Освојувачот на шпанскиот Суперкуп од минатата година, Реал (М) нема да го брани трофејот во финалето оваа година, откако денеска во второто полуфинале во Малага, „кралевите“ загубија од Атлетик (Б) со 2:1.

На мечот на „Ла Росаледа“, Атлетик одигра извонредно прво полувреме и со двата гола на Раул Гарсија од кој едниот од пенал, направи предност која имешно ја чуваше цело второ полувреме. Реал притискаше и преку Бензема успеа да намали, но до крајот не и да го израмни резултатот.

Во финалето на шпанскиот Супер Куп, баскијците ќе играат против Барселона.