Досегашниот член на второлигашот Скопје, Изет Ајрулаху зимава ја менува средината и ќе се упати најверојатно во соседството во една од екипите во шампионатот на Косово.

Тамошните медиуми веќе најавуваат таков развој на настаните со оглед на фактот што Ајрулаху има понуди од неколку екипи, а ќе видиме која ќе ја одбере играчот за врска.

Од друга страна пак, дознаваме дека Ајрулаху може да биде и следното засилување на зимава екстра ангажираниот на трсансфер пазарот тим на Шкупи, кој денеска заминува на подготовки во Анталија.