Она што го ветија го направија. Нашите одбојкари ја победија Босна и Херцеговина со убедливи 3:0 и ја зголемија самодовербата пред саботниот решавачки дуел со Турција. Турците вчера не совладаа со 3:1, но ние со денеска прикажаната партија покажавме дека ништо не е загубено. Во битката за првото место имаме се уште голема шанса.
Босна падна и вторпат, сите мисли се кон саботната пресметка со Турција (ФОТОГАЛЕРИЈА)
