Британскиот тенисер Енди Мареј ризикува да го пропушти Австралија опен поради тоа што се зарази со коронавирусот. Тестот, кој го направил Шкотланѓанецот пред неколку дена, даде позитивен резултат, објавија британските медиуми.

Поранешниот прв рекет сè уште има шанси да учествува на првиот Грен Слем за 2021 година – доколку австралискиот медицински оддел даде зелено светло. Мареј во таква ситуација ќе може да пристигне во Австралија подоцна од другите учесници натурнирот, но неговиот карантин може да трае скоро до почетокот на истиот.

Да потсетиме, Мареј не се пласираше на главниот турнир, но затоа доби вајлд-карта од организаторите.