Фудбалерите на Брегалница, предводени од тренерот Марјан Секуловски продожуваат со одработување на тренинзите во текот на овие подготовки. Секуловски форсира силно темпо, се тренира по двапати дневно, а интересно е тоа што попладневниот се одвиваше на снег. Но ни тој ништо не им може на штипските “сини“, тие работат на високо ниво. Мора така да биде, напролет Брегалница мора, ама баш ќе мора да ја задржи првата позицијата во ВМФЛ – Исток и во мај цел Штип да го израдува со пласман во елитата.