Германски Шалке со сите сили ќе се обиде да се спаси од брука односно преселба во второлигашка конкуренција. Откако ја запиша првата победа сезонава и клубот донесе неколку нови играчи сега сака да го засили нападот.

Одлуката е враќање на поранешниот холандски напаѓач Клас-Јан Хунтелар од Ајакс. На 37-годишниот фудбалер му истекува договорот со Ајакс на крајот на сезоната, а може да ги засили „сините“ од Гелзенкирхен уште сега. „Билд“ информира дека раководни луѓе на Шалке заминале во Амстердам на преговори со напаѓачот.

Хунтелар играше за Шалке меѓу 2010 и 2017 година и постигна 126 голои во 240 настапи.