Дарко Велковски одново го мачи повреда на стопалото, и ќе отсуствува на последниот натпревар во подготовките за Ријека.

„Велковски има повреда на стопалото. Не е ништо сериозно, но ќе мора да паузира 2-3 дена“, изјави тренерот на хрватскиот тим Симон Рожман.

Првенството на Хрватска продолжува идниот викенд, а како стојат работите Велковски, поради ова отсуство од финишот на подготовките, можно е да го пропушти тој прв меч и дуелот со Вараждин. Но, се очекува набрзо да биде во комбинација за мечевите потоа.