43 члена на македонската фудбалска репрезентација добија дел од наградата од Владата по повод обезбедување место на ЕП оваа година. По 10.000 евра инкасираа за историскиот пласман на Европското првенство.

Како што се вели во информацијата, исплатата од 430.000 евра преку Агенцијата за спорт и млади се извршила во последните денови од изминатата година.

Претходно Фудбалската федерација на Македонија потврди дека ќе додели награда од 4,2 милиони евра за репрезентацијата како премија за големиот успех.