Освен по враќањето на Манчестер Јунајтед на врвот на премиерлигата, натпреварот со Барнли вечно ќе го паметат четири лица кои се обложувале.

Тие за облог од 20 фунти, заработиле 14.280 фунти. Кајл Томпсон и три пријатели играле дека Ешли Вествуд и Лук Шо ќе заработат жолти картони, а на тикетот ги имале уште и Дукуре од Евертон и Семедо од Вулверхемптон.

Ги „фатија“ три од четири до 89. минута, а потоа Семедо доби јавна опомена за целосна радост.