Ниту пак селекторот, Данило Брестовац премногу не сакаше да коментира по поразот од Египет, втор убедлив на Мундијалот, втор на кој не покажавме ништо. Единствено што преостанува во овој момент е да се надева дека заедно со момците ќе дојдат до победа над Чиле за заверка на пласманот во следната фаза.

„Не сме психолошки подготвени за ваков тип на првенство. Но, мислам дека ракометарите ќе бидат подготвени за следниот меч со Чиле и се надевам дека ќе го добиеме тој меч и ќе одиме во следната фаза. Мислам дека секој натпревар против големи репрезентации како Шведска и Египет е школа за нас и мислам дека треба многу да учиме од овие натпревари“, рече на прес-конференцијата по завршување на мечот селекторот.