Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед за изминатата година Бруно Фернандеш тврди дека сите играчи на Јунајтед сакаат да го запрат Ливерпул да се изедначи по бројот на титули со „Црвените ѓаволи“. Во моментот клубот од „Олд Трафорд“ има 20 титули шампион на Англија, а Ливерпул 19. Двете екипи ги држат првите две позиции на табелата пред утрешниот меѓусебен дуел на „Енфилд“.

Не сакаш големите клубови да те престигнат или да имаат ист број на титули. Тоа им е јасно на сите во клубот и во соблекувалната. Секој од играчите знае што значи тоа за навивачите. Се разбира, ќе биде позабавно ако ние стигнеме до 21. титула, а Ливерпул си остане со 19“, изјави Фернандеш пред утрешното дерби.