Тимот на Академија Пандев предмалку успеа да слави на премиерниот пријателски меч оваа зима на домашен терен против тимот на Борец со конечни 2:1.

Воедно ова беше првиот меч на Александар Васоски на кормилото на Академија Пандев откако зимава ја презема оваа функција и ете, му се посреќи што се вели.

Домашните поведоа преку Марјан Радески односно Марио Крстовски со 2:0, а во второто полувреме Александар Мишов, новиот напаѓач на Борец и досегашен член токму на тимот на Академија Пандев од пенал намали на 2:1.