Мартин Велковски немаше многу што да каже по новиот пораз на СП, овој пат од домаќинот (38-19). Вели дека е навистина разочарувачки, но верува дека можат да дојдат до победа над Чиле за место во следната рунда на Мундијалот.

„Чиститки за Египет, мислам дека ќе стигнат далеку на ова Светско првенство. Ние одигравме што еден лош меч, навистина е разочарувачки бидејќи не можеме да ја претставиме Македонија на вистинскиот начин. Имаме шанса против Чиле, одигравме два меча во Скопје, ги знаеме нивните квалитети, мора да ги победиме за да одиме во следната рунда“, изјави Велковки.