И Македонија ЃП од нашите клубови најглавната фаза од тековните подготовки ќе ги одработи во Анталија, во познатиот спортско – туристички бисер во Турција. “Лавовите“ таму ќе престојуваат од 22 јануари до 6 февруари, а покрај тренинзите и воигрувањето на тимот за пролетниот дел, момците од скопската населба Ѓорче Петров имаат во план да одиграат и шест пријателски мечеви. Познати се ривалите, од тие шест дури четири се клубови од Украина, а два од Бугарија.

Со “тестовите“ Македонија ЃП ќе започне на 24.01 и тоа против Олександрија од Украина, следниот ривал е Ингулетц, исто украински тим, овој меч се игра на 27.01. Бугарската Монтана е спаринг партнер на “лавовите“ на 30.01, додека следениот ден се игра против ЦСКА 1948, исто од Бугарија. За на 03.02 закажан е дуелот со екипата на Минај од Украина, а за крај на престојот во Анталија ќе се игра против украинскиот Олимпик Доњецк и тоа на 05.02.