Екипата на Гостивар убедливо го совлада МЗТ Скопје Уни Банка со 78:62 во 11. коло на македонската Супер лига. Ова е четврта победа на Гостивар, додека за вториот тим на МЗТ петти пораз.

Најефикасни кај гостиварци беа Александар Костоски со 20 поени, додека Џалон Фрајдеј уфрли 16 поени. Кај поразениот тим најефикасен беше Лука Савичевиќ со 22 поени.

А ТФТ го совлада Еуроникел во салата „Јасмин“ во Кавадарци со резултат 86:79.

Тоа е петта победа на скопската екипа која го симна Еуроникел од петата позиција. Инаку домашната екипа играше добро до полувреме кога и имаше водство, а потоа падна во ритамот додека кошаркарите на ТФТ заиграа ефикасно и го свртеа резултатот.

Најефикасен на мечот беше Данило Мијатовиќ од Еуроникел со 18 поени, неговиот соиграч Дарко Соколов постигна 17 поени. Кај победниците Тајрон Харис се истакна со 15 поени, а по 13 имаа Митревски и Андерсон.