Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, постави антирекорд во историјата на франшизата од линијата за слободни фрлања. Синоќа на средбата со Далас во која, за среќа, неговиот тим победи, Гркот имаше очајна реализација на „пеналите“.

Актуелниот МВП на лигата, синоќа погоди само едно од 10 изведенислободни фрлања. Ова е најлош рекорд во историјата на Милвоки за играч кој добил шанса да шутира најмалку 10 пати од линијата за слободни фрлања.