Ковид-19 не го прекоскна ниту Светското првенство во Египет, а засега најдебелиот крај ќе го извлече репрезентацијата на Зеленортските острови. Во тимот се појавија два нови случаи позитивни на коронавирус поради што најверојатно ќе биде дисквалификувана.

Според пропозициите на ИХФ, една репрезентација може да излезе на терен само доколку во составот има десет играчи и плус еден голман, што пак  не им оди во прилог на Зеленортските острови. Во овој момент имаат само девет играчи.

Од Светската федерација порачаа дека дуелот со Германија нема да се одигра доколку не најдат друго решение, поточно „панцирите“ ќе го добијат со службени 10:0. Оваа селекција има право да донесе нови ракометари, но тие мора да имаат негативен ПЦР тест при влегувањето во Египет, а потоа одново да бидат тестирани.

За потсетување оваа селекција беше во карантин во Португалија токму поради позитивни лица на Ковид-19, но сепак допатува во Египет.