Дали вториот мандат на Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид е готов. Или барем му се ближи крајот. Имено по вчерашниот пораз во шпанскиот Суперкуп од Атлетик Билбао, престижната “Марка“, која е наклонета кон “кралевите“ направи истражување или анкета меѓу фановите на Реал Мадрид, за тоа дали Зидан и натаму ја има нивната доверба.

Резултатите се шокантни. Дури 72% од фановите сметаат дека време е Зидан да си оди од клупата на “кралевите. Му замеруваат за повеќе работи, и тоа дека мора на Одегард да му даде повеќе шанса, незадоволни се од селекцијата, потоа прашуваат до кога ќе се “трпи“ Азар.

Јасно е дека по ова истражување на “Марка“, тренерската клупа одново, и тоа како се тресе во Реал Мадрид.

Зидан е пред отказ, тука нема дилеми.