Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме на дуелот со Египет има негатива од 20-6. На овој дуел селекторот, Данило Брестовац одлучи да не направи измени во составот, за жал не видовме многу промени на теренот.

Роберто Гарсија Парондо и неговите момци рано го скршија отпорот. По само 14. минути постигнавме три гола, два беа дело на Кузмановски, еден на Лазаров. На спротивната страна Египет без пардон ја полнеше нашата мрежа (10-3). На Митревски не му тргна, Брестовац го стави Томовски на голот.

Четвртиот гол го постигнавме по девет минути преку Пешевски, две грешки на противникот успеавме да казниме и да живнеме, со серија од 3-0 и два гола на Лазаров намаливме на 10-6 во 19. минута, по која останавме Филип Кузмановски, доби црвен картон за груб старт.

Египет брзо се врати, со девет гола во низа поведе со (20-6) во 29 минута. Ние влеговме во црна серија немавме постигнато гол десет минути.

ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА 20-6

Македонија: Митревски (1одбрани), Томовски (), Велковски, Стоилов, Димитриоски, Лазаров 3, Талески, Кузмановски 2, Костески, Маркоски, Танкоски, Поповски, Георгиевски, Пешевски 1, Мишевски, Кузманоски.