Пораз, и тоа повеќе од убедлив, подобро кажано катастрофален од Египет со неверојатни 38-19 (20-6). Пораз по кој тешко е нешто да се каже, да се анализира, кога во сите ракометни елементи бевме под нивото.

Неверојатно, навистина. Со децении и децени следам ракомет, но сметам дека ова вечерва беше најслабото издание во историјата на Македонија на големите натпреварување. За каква анализа да говорам, па не можам за ништо да се фатам, не знам. И кога подлабоко ќе размислам, можеби и толку е нашиот квалитет. Па, зарем е можно. Видете, не е катастрофа да се загуби и тоа убедливо, со 10, 15 разлика, катастрофа е на кој начин ќе загубиш. А вечерва ние бевме катастрофа, тука нема дилеми. Ништо не функционираше на мечот, одбраната 6-0 лоша, ни колективно, ни групно ни индивидуално, ништо. Немаше длабочина во нејзе, широчина, густина, како да не постоеше. Ако со Шведска бевме лоши, тогаш вечерва бевме катастрофа. И пак не “прочитаа“ по таа десна страна, таа левата требаше повеќе да дејствува, но ништо одново. Лошо, навистина лошо. Јас сум фрапиран, гледам и си велам – па добро зарем е можно. Во првиот дел само шест постигнати голови, и сега јас треба да направам анализа, ма ајде. Премногу грешки, премногу загубени топки, како да бавме една регионална репрезентација, а не репрезентација која децении наназад постојано игра на големите натпреварување. Никаде не видов борбеност, па зарем треба да гледаме како игра една репрезентација на Зеленортски острови за да се бориме и ние. Шокантно. Тие се борат како лавови на теренот, а ние? Ние добивме вајлд – карта за ова СП, и таа вајлд – карта ја фрливме во бунар. Јасно е дека треба да го сочекаме и мечот со Чиле, е тука треба да се надминеме, да сфатиме каде сме и да одиграме подобро. Ако и победиме, тогаш одиме во група со Русија, Белорусија и Словенија и ќе биде класично мачење за нас. Не знам, можеби треба да го сочекаме докрај, па потоа да дадеме сеопфатна анализа. Иако мене и за мечот со Чиле ме фаќа по малку страв. Сепак, ајде да веруваме во нашите момци и да им посакаме подобро издание и победа, иако сметам дека после овие два меча кај нас како нешто да не штима“ заклучи нашиот стручен коментатор Ристо Магдинчев.