Борусија Дортмунд одигра само 1:1 против Мајнц во рамките на 16. коло на Бундес лигата. „Милионерите“ не успеаа да победат иако имаа многу шанси и овој кикс може да ги чини многу на крајот кога ќе се одлучува за титулата.

Во 2. минута Халанд постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а во 57 минута Озтунали го доведе Мајнц во предност. „Милионерите“ изедначија со голот на Мение во 73 минута, а три минути подоцна Марко Ројс утна пенал.

Навистина лош ден за играчите на Борусија кои го запишаа првото реми сезонава. Мајнц има седум бода на претпоследното место.

А Лајцпиг одигра 2:2 на гости кај Волфзбург и не успеа да се искачи на првото место на табелата пред Баерн. Водеше Лајпциг со голот на Мукиеле, па Волфзбург сврте со головите на Вегхорст и Штефен, па Орбан го изедначи резултатот.

Во другите мечеви Хофенхајм-Арминија 0:0, Келн-Херта 0:0, Вердер-Аугзбург 2:0.