Лидерот во италијанскиот шампионат Милан го претстави новиот играч. Се работи за францускиот интернационалец Суалихо Меите кој доаѓа од Торино на позајмица до крајот на сезоната со тоа што „Росонерите“ имаат опција да го откупат неговиот договор за 10 милиони евра.

Милан е легендарен клуб. Има богата историја и одлична екипа. Се израдував кога ми се јавија. Милан има амбиција повторно да биде голем, а јас сакам да бидам дел од тоа“, изјави Меите кој е играч од средниот ред.

Меите потекнува од школата на Оксер, а играше за Лил, Монако, Бордо, а од 2018 година стана член на Торино.