Баерн Минхен шокатно беше елиминиран од гермнаскиот Куп, а по мечот Томас Милер беше посебно лут, на крајот имаше и вербална пресметка со новинарката Валеска Хомбург. Не станува збор за навреда, туку за ароганција.

По дуелот новинарката се насмеа, сакајќи да го поправи расположението на фудбалерот, се чини потегот не беше добар.

„Што мислиш, какво е расположението? Гледам се смееш“, се обрати Милер.

„Не се смеам…“, дофрли новинарката, а потоа Милер одгорови: „Секако дека се смееше“.

Подоцна Милер се извини за ваквиот потег, истото го стори и новинарката која напиша дека Томас бил полн со адреналин, но и она. Нејзината насмевка била само рефлекс за омекнување на ситуацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thomas Müller (@esmuellert)