Џеорџињо Вајналдум ја одби и последната понуда од Ливерпул за продолжување на соработката, па извесно е дека од лето ќе се пресели во редовите на Барселона.

Играчот за врска од Холандија со месеци преговара со „црвените“ за нова соработка, но до договор никако да дојде, па така тој си заминува од Енфилд. Шансите да се случи некој пресврт се сведени на минимум, па така веќе е извесно заминување.

„Дејли Мирор“ тврди дека веќе се е договорено со Барселона, само се чека крајот на сезоната и да стане „Каталонец“.