Роберто Гарсија Парондо, тренерот кој на Вардар му ја донесе втората титула во ЛШ и кој добро го познава нашиот национален тим, на денешниот дуел против Македонија, на располагање ќе го има најдобриот ракометар.

Станува збор за десниот бек Ахмед ал-Ахмар, кој не беше во составот за дуелот против Чиле. Поради болки со грбот беше поштеден од страна на селекторот на домаќинот на Светското првенство, Парондо, но денеска ќе се враќа токму за Македонија.

Овие две селекции до сега двапати се имаат сретнато, и двете средби му припаднеле на противникот. Египет на Медитеранските игри славеше со 34-29 во 2018 година, и во далечната 1999 година на СП беше подобар со 30-24.

Дуелот меѓу Египет и Македонија е закажан со почеток во 18 часот, директен пренос ќе има на МТВ.