Јован Попзлатанов, 24-годишниот фудбалер за врска на Вардар, од денеска и официјално е нов играч на летонски РФС. Клубот денеска и официјално го промовираше во ново засилување на екипата, откако Попзлатанов веќе десетина дена е во Летонија каде чекаше само потврда на трансферот.

Според клупските најави, екс-фудбалерот на Вардар уште денеска може да дебитира за РФС и тоа на пријателски меч. Инаку, Попзлатанов последните четири сезони ги помина во Вардар, со кој стана национален шампион минатата сезона. Овој зимски преоден рок тој во пар со Дарко Мицевски станаа нови засилувања за летонскиот тим.