Во првиот меч во Македонија во новата 2021 година, иако се разбира дека станува збор за пријателска, денеска во Тетово,Ренова со 4:0 успеа да го победи составот на второлигашот Дрита. Лесно и убедливо до победа стигнаа “гипсарите“ кои уште во 2. минута преку Шефити го открија резултатот. Во 39. минута “гипсарите“поведоа со 2:0 со вториот гол на Шефити, а во 79 минута Ренова постигна и трет гол преку Ебиби. Интересно во 83. минута, исто Ебиби ги постави конечните 4:0.

Во екипата на Ренова своја минутажа добија и новите имиња Тафа, Алити, Гајиќ, Меџа, потоа Јапонецот Акаматсу кој е на проба. Тренерот Ќатип Османи им даде шанса да заиграат на овој пријателски меч речиси на сите свои расположиви сили.