Проблем за хрватската репрезентација на самиот старт на Светското првенство. Селекторот, Лино Червар во продолжение на Мундијалот нема да може да смета на еден од најдобрите ракометари. Поради повредата со која се здоби на дуелот со Јапонија, Лука Циндриќ се враќа дома.

Членот на Барселона ја обнови повредата на препоната.

Хрватска во второто коло ќе игра против Ангола, ова ќе биде нова шанса за прва победа на СП по изненадувачкото реми со Јапонија.