Струга Трим Лум се активира на трансфер – пазарот, па така успеа да договори квалитетен играч за врска, и тоа од Србија, Неговото име е Немања Босанчиќ, кој има 25 години и игра во средниот ред. Како што велат информациите, последен клуб на Босанчиќ му бил Колубара, а претходно го носел дресот на Инџија, Беране, Борац Чачак, инаку Босанчиќ е роден во Приштина во 1995 година.

Останува само уште да се договорат некои сите детали и Србинот да биде официјално промовиран во дресот на Струга Трим Лум.