Вчера доцна вечерта експедицијата на Струга Трим Лум пристигна во Драч, а утринава веднаш тренинг, и тоа во прекрасни услови, впрочем како што и се гледа од фотографијата. Познато е дека стружани во Албанија ќе бидат десетина дена, ќе одиграат и неколку пријателски средби, засега се закажани со Фероникели и Дрита Гњилане, а приоритет на тренерот Срѓан Захариевски е да ја задржи формата од есенскиот дел, а ако може и да ја подобри.

Допрва се очекуваат нови имиња во таборот на Трим Лум.