Покрај редовните известувања за случувањата во таборот на хрватската ракометна репрезентација, низ медиумите во оваа земја можат да се прочитаат најразлични текстови. Интернет порталот „24сата.хр“ објави посебна приказна за дамите кои стојат во позадина на нивните репрезентативци.

Тука е нашата Душица Андонова, која неодамна се сврши со Игор Карачиќ.

„За Преубавата Македонка, девојка на хрватскиот репрезентативец, Игор Карачиќ, има многу малку информации. Тие се во врска повеќе од година дена, се запознаа додека Игор го носеше дресот на Вардар. Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од која може да се види дека „падна“ свршувачка“, пишува „24.сата.хр“.

Душица и останатите дами од ТВ го следат Мундијалот поради пандемијата коронаворис и забрана за публика на трибините.

ФОТО: 24САТА.ХР