На Хувентуд во последно време не му оди најдобро во Лига Ендеса. Тимот од Бадалона за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ на домашен терен е поразен од последнопласираната екипа на Сан Себастиан Гипузкоа со 90-94.

Гостите доминираа во третата четвртина во која имаа позитива од седум поени, но Хувентуд се врати во последните десет минути, со серија од 9-0 во која учествуваше и Димитријевиќ поведе со 84-76. Но, ниту ова не беше доволно за триумф. Во финишот противникот со 8-0 го врати водството и го зеде целиот плен.

Нено постигна десет поени без промашување од поле (5/5), имаше по еден неуспешен обид од линијата за слободни фрлања и два за три поени. За нецели 16. минути во игра додаде уште четири скока и четири асистенции.

За Хувентуд ова беше деветти пораз сезонава.

Екипата на Гравелин дојде до важна победа во ЛНБ лигата на Франција, во драматичен меч по дополнителни пет минути беше совладан Шоле со 100:96. Војдан Стојановски втор натпревар по ред, доби скромна минутажа од тренерот Серж Кревекер. Одигра само 07:10 минути, дел од играта  во кој имаше само еден неуспешен обид за три поени.

Ова беше третата победа на Гравелин во ПРО А лигата на Франција во осум одиграни натпревари во досегашниот дел од сезоната.