Предмалку завршија сите три меча од вечерниот термин во  четвртиот натпреварувачки ден на СП во Египет. Во натпревар од нашата група “Г“, очекувано селекцијата на Шведска рутинирано дојде до триумф над Чиле со резултат 41-26 (20-16). Ова беше втора победа на Швеѓаните во исто толку мечеви со што тие го “заверија“ очекуваниот пласман во следната фаза. Пелас постигна дури 12 голови за победничкиот состав. Од нашата група понатаму се пласира и Египет, останува во понеделник во директен дуел за третиот патник да решаваат Македонија и Чиле.

На мечот од групата “Ф“ меѓу Алжир и Исланд, победи европскиот претставник со 39-24 (22-10). Ова беше голема, убедлива и прва победа на ова СП на Исланѓаните. Елисон во 12 наврати ја затресе мрежата на Алжирците.

Норвешка исто без никаков проблем дојде до првата победа во групата “Е“, и тоа против Швајцарија со 31-25 (17-13). И повторно Сагосен беше одличен, најдобриот стрелец на Норвежаните на овој натпревар вкупно единаесет пати се запиша во листата на стрелците.