За жал нема 1/8 финале во Лигата на Шампионите за нашиот футсал првак, тимот на Шкупи. Чаирчани предмалку во Запорожје, загубија од домашниот украински состав на Кершон со 5:1. Ова беше меч од 1/6 финалето во ЛШ, па така Шкупи е елиминиран од понатамошните борби во најелитното европско натпреварување.

Штета, се чини ако не беа тие лоши први минути во Запорожје, чаирчани веројатно ќе можеа да се надеваат на многу подобар резултат.

Шокантен беше почетокот од мечот за нашиот Шкупи. Домашните во 3.минута имаа водство од 2:0, прво реализираше Зварјаж а потоа и Билотсерквивец. Се чини чаирчани уште не стапнати на паркет го загубија овој натпревар. Следуваше обид на Шкупи да стори нешто повеќе, да го намали резултатот, но се беше бадијала. Во 29.минута Кершок можеше и до 3:0, но Да Роса не погоди од пенал.

И така беше се до 34.минута кога Шкупи намали на 1:2 и тоа со голот на домашниот играч Клауио, но веќе во следниот напад Кершон преку Билотсерквивец, негов втор гол, го врати водството од два гола разлика. И тоа не беше се од Кершон, Клаудио кој прво си постигна гол во својата мрежа, во 37.минута ја затресе и на чарчани за 4:1. Конечните 5:1 ги постави Да Роса во самиот финиш на овој натпревар.

КЕРШОН (УКР) – ШКУПИ (МКД) 5:1 (2:0)

Сала “Јунист“ во Запорожје (Украина). Судии: Вола Паулиутс, Анатол Уштужјахин и Денис Кутсиј (Белорусија). Стрелци: Зварјаж 2., Билотсерквивец 3., 34., Клаудио 37., Да Роса 39. (КЕР). Клаудио (авт) 34. (ШКУ). Ж. Картони: Стојановски, Левески (ШКУ).

КЕРШОН: Тсјупун, Д. Сорокин, Зварјаш, Шотурма, Билотсерквивец, Да Роса, Ронињо, Моспан, Волианиук, Клаудио, Савенко.

ШКУПИ: Стојановски, Петровиќ, Агуши, Сефери, Димовски, Глигоров, Сулејман, Цека, Селманај, Незир, Левески.