Македонскиот интернационалец и репрезентативец Бобан Николов е нов играч на тимот на Лече. Амбициозниот член на Серија Б,  има намера да се враќа во елитата што побргу па одлучи во таа насока да се засили со еден од нашите најдобри играчи за врска во моментов.

Николов веќе е на пат за Италија, каде што ќе ги направи неопходните лекарски прегледи и ќе потпише две и пол годишен договор со клубот во кој тренер е италијанската фудбалска легенда Еугенио Корини.

Бобан Николов до овој момент беше член на тимот на МОЛ Види, но актуелниот договор со овој клуб му истекува на лето. Иако му беше понуден нов, Николов не го потпиша истиот и реши да ја промени средината.

Лече за него ќе биде секако уште еден клуб, кој е скалило погоре во кариерата по, престојот во своевремено амбициозните Георге ХАџи Академија, Виторул Констанца, од каде што се пресели во Вардар и беше дел од најголемиот успех на овој клуб, пласманот во Лигата на Европа.

Бобан Николов во моментов е стандарден член на Македонската репрезентација која на лето ќе игра Европско првенство, а играчот за врска веќе има такво искуство со У21 селекцијата.