Нема веќе дилеми, Бесар Гуџуфи, младинскиот репрезентативец на Македонија и довчерашен фудбалер на Вардар, е едно од погоолемите трансфер изненадувања во зимскиот преоден рок во ПМФЛ. Од таборот на струмичка Беласица не го кријат своето задоволство од тоа дека успеале да донесат екстра квалитетен играч во своите редови, и тоа од Вардар. Секако дека од него допрва се очекуваат квалитетни настапи за струмичките “сини“.

Што се однесува до пријателските средби, Беласица го изготви планот. Се започнува со Тиквеш (21.01), следува дуелот со Плачковица (23.01), па со екипата на Њу Старс (25.01), потоа доаѓа на ред дуелот со Кожуф (27.01). Ќе се игра и со Раднички од Сремска Митровица (30.01), исто и со Царско Село од Бугарија (01.02), следува мечот со Слога Виница (03.02), а тука е и дуелот со Брегалница (06.02), која треба да биде и “генералка“.