Иако се наговестуваше, сепак од утринава е и официјално. Фудбалерите на Милан, Хакан Чалханоглу и Тео Ернандез  се позитивни на коронавирусот по најновите тестирања. Тие и во петокот не тренира, но сега и дефинитивно се во карантин. Тоа значи дека Милан нема да може да смета на нив на утрешното гостување кај Каљари. Секако дека тоа ќе биде голем удар за тренерот Пиоли, ако се знае дека Чалханоглу и Ернадез во изминатиот период беа едни од најдобрите во тимот.

Добро е што и двајцата се чувствуваат добро и дека немаат симптоми, но сепак мора да бидат во изолација.